Организацијата на наставниот процес во Челинџ се изведува во согласност со најсовремените дидактички принципи и педагошки барања. Сите степени се одвиваат според однапред утврдениот наставен план и програма почнувајќи од предучилишната возраст, преку школските степени па се до интензивните и специјализираните степени. Во текот на учебната година се вршат приспособувања во однос на индивидуалните потреби на слушателите, што значи практикување на индивидуалниот пристап, одстранување на случајните недостатоци како и константно подобрување на сите можни полиња.

ПРОФЕСОРИ

Вработените на Челинџ се дипломирани професори, од кои повеќето поседуваат меѓународни сертификати за завршени специјализирани курсеви во странство или се постдипломци на државниот универзитет.
Челинџ може да се пофали со млад кадар, од просечно триесет години; сепак иако млади нашите професори се доволно искусни во оваа област. Нашата дефиниција за успех е спој на младост, ентузијазам и искуство. Работа на наставниот персонал е постојано набљудувана од координативното тело, со што на слушателите им се овозможува високо квалитетна настава.
На своите вработени Челинџ им овозможува постојано развивање и усовршување: посетување на семинари во земјата и странство, хоспитации како и работа во работилниците кои ги организираме на нашите локации.

Преземете ја апликацијата, пополнете ја, потоа пратете ја на e-mail адресата
challenge@challenge.edu.mk