
Училиштето е основано 1991 год. како мало приватно училиште со само една училница и еден професор по Англиски јазик поради малиот број на ученици. Во тоа време беше вистинско чудо за да успее едно приватно училиште, но како резултат на нашата цврстина и постојано квалитативно усовршување, задоволни сме со она што го имаме постигнато до сега.

Денес, “Челинџ” е училиште со повеќе локации во и околу градот Скопје.
Постои хиерархиска организација на вработените со менаџерот на училиштето како негов основач, потоа Советот на Директори, професорскиот кадар и административниот сектор. Покрај курсеви по Англиски јазик, организираме и по Германски, Шпански, Италијански, Француски, Грчки, Албански и Македонски за странци. Користиме модерни аудио и видео материјали, настојувајќи да го олесниме процесот на учење странски јазици како и да го направиме што поинтересен.
|

Нашето мото е:
“ Научи го јазикот на другите народи доколку сакаш да бидеш подобро разбран ”
|
|